Популарниот „Staniel Cay Plane“ е остаток од срушениот авион и потсетник на озлогласениот крал на наркотиците – Пабло Ескобар кој токму со тој приватен авион шверцувал кокаин во САД.
Доколку сте подготвени за нови авантури и сакате да ги истражите остатоците од овој авион одблиску, треба да знаете дека тоа сега е можно.

Сместен на јужната страна од плажата Норман, авионот од ерата на Втората светска војна е навистина сцена која треба да се види.
Се верува дека тој бил полн со кокаин кога слетал недалеку од пистата во 1980 година. Не многу долго потоа, се насукал на песочната плажа меѓу две парчиња копно каде стои и денес.
Карлос Ледер којшто летал со овој авион бил „уловен“ во САД во 1982 година.
Во инцидентот немало жртви, а сепак остатоците од авионот и денес даваат интимен увид во криминалното подземје кое некогаш постоело, а кое ја инспирирало и популарната серија.
Интересен факт е тоа што остатоците од авионот презеле улога на вештачки гребен, па станале дом на бројни различни морски суштества.
Моментално ниту еден комерцијален авион не лета до овој остров, но многу чартер летови одат баш до таму. Покрај тоа овој локалитет може да го посетите и доколку се најдете на приватна јахта.


