ФОТО | Ќерките на Анџелина Џоли читаат моќна литература

Неодамна, познатата холивидска актерка Анџелина Џоли, отвори личен профил на Инстаграм и за само две недели ја заследија повеќе од 10 милиони луѓе, корисници на оваа социјална мрежа ширум светот

На оваа социјална мрежа можеа да се сретнат бројни фан страни посветени на актерката, но овој пат актерката отвори свој профил, но не да се фотографира во костим за капење или да рекламира козметика.

Актерката, хуманитарка и добитничка на Оскар, својата прва објава ја посвети на моменталната ситуација во Авганистан, бидејќи многу Авганистанци бараат безбедност од талибанците по повлекувањето на американските војници. 

Потоа се нижеа објави посветени на авганистанските жени и девојки, како и објава посветена на човековите права.

Џоли е еден од најголемите промотори на добротворни акции и амбасадор на канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР). Актерката ги воспитува свооите деца да бидат емпатични и хумани, особено нејзините ќерки кои веруваме ќе ја наследат нејзината хуманост.

Актерката на својот инстаграм профил сподели фотографии од нејзините ќерки како читаат книги. На првата фотографија е 16-годишната Захара Џоли-Пит која го чита првиот роман на Тони Морисон со наслов „The Bluest Eye“, објавен во 1970 година.

Романот се одвива во Лорен, Охајо, и ја раскажува приказната за младата афро-американска по име Пекола, која пораснала за време на „The Great Depression“ (Големата депресија – криза). Големата депресија била драматичен светски економски пад којшто ги зафатил речиси сите западноевропски и северноамерикански држави. Почетокот на Големата криза се поврзува со падот на берзата во Њујорк на 29 октомври 1929 година, познат како Црн вторник. Кризата имала уништувачки ефекти и во индустриските земји како и во оние кои извезувале суровини за нив. Меѓународната трговија стрмоглаво опаднала, како и личните примања, даночните приходи, цените и профитот.

На втората фотографија е 15-годишната Шило која исто така чита роман со наслов „The Dark Lady“.

Слични Вести
Menu