Новак Ѓоковиќ е новиот амбасадор на брендот „Hublot“

Првиот рекет на светот, Новак Ѓоковиќ, се подготвува да го освои УС Опен, откако издоминира на претходните 3 натпреварувања.

Публиката овојпат ќе има прилика да го забележи посебниот сјај на неговиот рачен зглоб додека освојува поени, а се надеваме и трофеј. Како што дознаваме, на неговата рака ќе блеска синиот керамички „Hublot Big Bang Meca-10“ часовник кој совршено ќе се вклопи со неговата опрема.

Според наводите, Ѓоковиќ изјавил дека се радува што ќе игра со овој часовник на раката бидејќи тоа е нешто ново за него со оглед на фактот што никогаш претходно не носел часовници во текот на професионалните натпревари.

Ова се големи вести од светот на спортот бидејќи јавноста и неговите фанови беа љубопитни да дознаат зошто овој врвен спортист нема свој часовничарски спонзор. За разлика од него, неговите колеги Рожер Федерер и Рафаел Надал имаат договори со брендовите „Rolex“ и „Richard Mille“.

„Hublot“ традиционално сакал да стави свој часовник на раката на најдобриот во спортот, што го направи и овојпат.

Како што пренесуваат медиумите, соработката помеѓу Новак и „Hublot“ ќе вроди со изработка на серија модели со ограничени изданија при што Ѓоковиќ ќе учествува во креирање на сопствен часовник.

Слични Вести
Menu