Nike на работниците им дала една седмица одмор поради стрес

„Nike“ на своите вработени во канцелариите овој месец им дал една седмица одмор.

Како што пренесува „CBS News“ компанијата одлучила да направи таков потег за вработените да се ослободат од нивниот стрес.

Најавата за слободниот ден за вработените во канцелариите на „Nike“ била објавена на „LinkedIn“ од страна на менаџерот за глобален маркетинг Мет Марако.

„Со ова испраќаме јасна порака: Земете си време за опуштање, ослободување од собраниот стрес и поминување на времето со најмилите. Немојте да работите“, напишал Марако на „LinkedIn“.

„Во вакво време толку сум благодарен што сум дел од овој тим. За една година или две кои се поразлични од другите, земање време за одмор и закрепнување е клучно за чување на менталното здравје, но и понатамошното придонесување во работата“, додал менаџерот на „Nike“.

Тоа не е само една седмица одмор

„Тоа не е само една седмица одмор, тоа е признавање дека можеме да го ставиме менталното здравје на прво место и натаму да ја работиме нашата работа“, напишал Марако.

Инаку, „Nike“ не е првата компанија која направила таков потег. Претходно тоа го направила и компанијата „Bambl“ која на своите вработени (околу 700) им дала една седмица одмор за да се спречи согорувањето т.н. „Burnout“.

Што мислите вие за ваквиот потег?

Слични Вести
Menu