Американската компанија за видеоконференциски услуги „Zoom“ во вториот квартал направила приход поголем од милијарда долари.
Приходот на „Zoom“ од месец април до јуни бил зголемен за 54 отсто односно 1,02 милијарди долари. Со тоа компанијата првпат откако е основана ја преминала границата од милијарда долари.
Чистиот профит бил зголемен за 71 отсто односно 316,9 милиони долари.

Од Шандонг до Силиконска долина
Ерик Јуан, 50-годишниот основач и извршен директор на компанијата „Zoom“ пораснал во Шандонг во Кина, во семејство од средна класа.
Дете на геолошки инженер, Јуан бил просечен студент кој студирал сметководство, а по работењето во Јапонија одлучил дека сака да дојде во центарот на технолошките иновации – Силиконската долина.
„Сакав да го прифатам тој прв бран на интернет револуција“, изјавил Јуан.
Тој поднел барање на виза H-1B за одење во Америка, но бил одбиен, потоа повторно одбиен, и повторно… Јуан се пријавил осум пати пред да биде примен во САД.
Во Силиконската долина влегол во 1997 година во текот на првиот интернет „бум“.
Тој почнал да работи во компанијата „Webex“ и бил меѓу првите 20 ангажирани чија цел била брзо да се зголемат можностите на прописен опсег кои се користат во мрежните состаноци на кои може многу лесно и евтино да се дели екранот на работната површина.
Јуан тогаш имал само 27 години и веднаш се вклопил во работната сила на компанијата, но сепак тој не знаел да зборува англиски јазик, иако можел да ги разбере луѓето околу себе сепак не можел да учествува многу во конверзациите.
„Не можев да се придружам на маркетиншкиот тим или на продажниот тим“, изјавил Јуан.
„Морав да се вратам на пишувањето кодови“.
„Од татко ми научив две работи: продолжи да се трудиш, биди скромен и еден ден сè ќе биде добро“, изјавил Јуан.
Основање на „Zoom“
Јуан го напуштил претходното работно место заедно со околу 40 кинески инженери. Почетното финансирање на неговата нова компанија доаѓало од негови познати и поранешни колеги, вклучувајќи го и Субрах Лиае: „Да ми кажеше дека би испратил човек на Марс, би вложил пари“, се присетил Лиар.
Покрај финансирањата и своите колеги, Јуан можел да го лансира своето ново „бебе“ – „Zoom“.
Теренот за него бил едноставен – изградете подобра фирма од „Webex“.
„Не се обиде да го револуционизира. Само го направи подобар и поевтин, поквалитетен и поедноставен“, изјавил Најт кој „Webex“ ја напуштил пред Јуан.
Пред сè, Јуан сакал да ги израдува своите купувачи:
„Би сакала да се придружам на компанијата во која секое утро се будев среќен и се чувствував среќен, сакав да направам подобро решение од Webex“, изјавил Јуан и додал: „Тоа е тоа“.