ФОТО | Почина саканото куче на Тоше Проески

Поминаа речиси 14 години од смртта на саканиот и непрежален македонски пејач Тоше Проески. Пејачот со ангелски глас трагично го загуби животот на 16 октомври 2007 година кај Нова Градишка, Хрватска. 

А, дека Тоше никој не може да го заборави и дека кај сите остави голема трага и празнина, докажаа тажните пораки што ги оставија по веста дека неговото сакано куче, златниот ретривер Бас, починало.

„Денес, Бас замина кај својот сопственик“, стои во објавата на една од страниците на Фејсбук посветена на Тоше.

Под фотографиите на Тоше и Бас се нижат емотивни и пораки со сочувство.

Тоше беше голем љубител на животните, а за приврзаноста на Бас кон Тоше, се пишуваше многу по смртта на пејачот. Околу шест месеци пред да почине, Тоше го купил Бас од одгледувачница во Белград и го донел во домот во Злокуќани, каде што тогаш живеел.

Според изјавите на роднините во тоа време, Бас тешко ја поднел смртта на Тоше.

Слични Вести
Menu