Легендарниот возач на Формула 1, Михаел Шумахер, не сме го виделе во јавноста од тешката несреќа на скијањето која ја доживеал на француските Алпи на 29 декември 2013, а неговото семејство ја крие неговата здравствена состојба.
Тој доживеал тешки повреди на главата, во кома е, а речиси осум години во јавноста податоци за неговото здравје нема.
Семејството го штити, постојат посебни протоколи и ретко кој му пришол по несреќата, а за него понекогаш пријателите откриваат по некои детали.
Сега повторно се огласи Жан Тод, близок пријател и поранешен шеф на „Ферари“ за кој возел токму Шумахер, а во изјава за германски „Блид“ тој ги открил деталите.
„Поминав многу време со Корина (сопругата на Шумахер) откако Михаел доживеа несреќа на скијање. Таа е прекрасна жена и со сите управува во семејството“, изјавил Жан Тод и додал дека состојбата на славниот германски возач во иднина „полека, но сигурно ќе се поправи“:
„Корина не очекуваше дека ќе мора да работи, но одеднаш немаше избор. Сепак, тоа прекрасно го прави, ѝ верувам и таа прекрасно работи, а и таа ми верува мене. Благодарение на докторите и соработката на Корина која сакаше да преживее, Михаел е жив, но со последици“.
Ова е значително оптимистичка порака за здравствената состојба на Михаел Шумахер.
Инаку, за ситуацијата со Михаел Шумахер ќе излезе и документарец кој треба да се промовира на 15 септември.