Џон Хам и Ана Оскиола биле снимени како уживаат во романтичниот одмор во Италија.
Популарниот актер Џон и неговата помлада девојка Ана уживаат во заедничкиот одмор кој го поминуваат на Средоземното море, поточно во Италија, а на јавноста ѝ покажаа дека разликата од 17 години меѓу нив баш ништо не им значи.

50-годишниот Џон и 33-годишната Ана каде и да се појават изгледаат заљубено и среќно, а во врска се повеќе од една година.
Деталите за својот однос не сакат да ги откриваат, но познато е дека се запознале на сетот на серијата „Mad Man“, а веста дека се во врска протекла во текот на карантините кои биле на сила поради пандемијата на коронавирусот.
На Џон ова му е прва посериозна врска откако во 2015 година се разведе од својата долгогодишна партнерка Џенифер Вестфелд, а во јавноста првпат се појавиле заедно во јуни годинава на премиерата на филмот „No Sudden Move“.
Инаку, актерот со својата поранешна партнерка имал заедничка продукциска куќа, но нивниот љубовен крах се случил поради тоа што тој не сакал да има деца.
Иако раскинале Џенифер сè уште не ја остварила својата најголема желба – да стане мајка.
„Никогаш не сум мислела дека ова ќе биде во оваа доба и дека нема да имам деца. Но, мојот живот се распарчи на илјадници начини на кои не очекував“, истакнала актерката која му помогнала на Џон да ја победи зависноста од алкохолот.

Хам исто така јавно открил зошто себеси не се гледа во улогата на татко:
„Би бил грозен татко. Ги гледам своите пријатели кои имаат деца и си мислам: Човеку, како воопшто стоиш на нозе во шест часот наутро? Не знам, тоа единствено не ми е важно. Имам внуки и внуци, бев и наставник. Веројатно со децата поминав многу повеќе вереме отколку со многу други луѓе во мојот живот“, заклучил актерот.