НА МИЛИЈАРДЕРИТЕ НЕ ИМ СЕ СТАРЕЕ: ЏЕФ БЕЗОС ИНВЕСТИРА ВО СТАРТАП ЗА ЗАПИРАЊЕ НА СТАРЕЕЊЕТО

Во Кембриџ е отворена истражувачка лабораторија на мистериозен стартап, која работи на пронаоѓање технологија што може да го продолжи животниот век на човект. Наводно, стартапот е поддржан од Џеф Безос.MIT Technology Review наведува дека стартапот Altos Labs се обидува да донесе експерти и им нуди годишна плата од околу 1 милион долари.

Исто така, се очекува да се отворат истражувачки центри во Јапонија и Сан Франциско.

Нивната цел е да измислат технологија која може да ги подмлади клетките на животинското ткиво, што би требало да доведе до подолг животен век.Милијардерите Милнер и Безос инвестираат пари                                               Се очекува научниците кои се придружуваат на компанијата да истражат како стареат клетките и што може да се стори за да се смени тој процес. Ова поле на наука претходно привлече милијардери, вклучувајќи ги ко-основачот на Google, Лери Пејџ и ко-основачот на PayPal, Питер Тил, кои финансираа компанија со седиште во Сан Франциско, наречена Unity Biotechnology.Според MIT Technology Review, Altos Labs веќе ја доби поддршката од Јури Милнер и Џеф Безос. Канцеларијата на Безос не одговори на барањата на списанието за коментар.

Руско-израелскиот милијардер Милнер преку портпарол потврди дека инвестирал пари во оваа компанија.

Altos Labs собра најмалку 270 милиони долари

Безос, исто така, инвестираше пари во Unity Biotechnology, чија цел е „да го продолжи периодот во кој едно лице не е оптоварено со болести што настануваат како резултат на стареење“.

MIT Technology Review тврди дека Altos Labs собрал најмалку 270 милиони американски долари од основањето кон крајот на минатата година.

Глобалниот пазар за технологии против стареење се очекува да надмине 271 милијарди долари до 2024 година.

Слични Вести
Menu