Руските олимпијци кои од Токио се вратиа со медал околу вратот ќе добијат нов „BMW“ автомобил.
Како и нивните колеги од претходната Олимпијада и овогодинешните олимпијци на подарок добија скапоцени „BMW“ автомобили. Станува збор за моделите „X5“ и „X3“, кои на спортистите им го подари непрофитната организација Фонд за поддршка на руските олимпијци, додека клучевите од возилата на спортистите им ги предаде Димитриј Медведев.
Како што пренесува руската новинска агенција ТАС, церемонијата за примопредавање е одржана оваа сабота во Кремљ а поделени се 77 автомобили. Доделени се 31 „BMW X5“ модели за освојувачите на злато, додека останатите добиле „X3“.