Мозаикот, кој е составен од 3.147 камења и со димензии 3 на 7 метри, е пронајден во Усакли Хојуку во округот Соргун, каде површинските истражувања започнаа во 2008 година, а ископувањата во 2012 година, пренесува Anadolu Agency.
„Заедничките ископувања ги спроведуваат Генералниот директорат за културно наследство и музеи, Универзитетот Бозок и италијанскиот Uниверзитет во Пиза“, рече Хусејин Чифтчи, провинциски директор за култура и туризам.
„Научните студии покажаа дека пронајдениот мозаикот е прв во историјата. Мозаичниот калап исто така го потврдува ова, бидејќи е доста оригинален. Планираме да го вклучиме ова место во туристичкиот сектор“, рече Чифтчи, додавајќи дека мозаикот е постар од оние досега откриени во Грција.
Мозаикот е стара добро позната ѕидна сликарска техника, која се изведува со редење на шарени, повеќе или помалку правилни коцки од камен, витраж и застаклена керамика.
