На продажба автомобилот во кој е убиен Тупак

Моделот BMW 750iL од 1996 година во кој е убиен еден од најголемите рапери на сите времиња, неодамна повторно се најде на пазарот и во MGM Grand хотелот во Лас Вегас.

Автомобилот наскоро ќе се појави на настанот на аукциската куќа Celebrity Cars Las Vegas и ќе се продава по цена од 1,75 милиони долари.

Црниот BMW на Тупак за првпат се појави во 2018 година и се продаваше по цена од 1,5 милиони долари, но никој досега не го купи.

Моделот е реставриран, но сè уште се гледаат траги од куршуми на некои места.

Додека автомобилот стоеше на семафор, од десната страна му пријде бел Cadillac од кој убиецот испука неколку куршуми кон совозачот. Тупак беше погоден во градите, раката и бутовите. Од последиците почина шест дена подоцна, на 25-годишна возраст.

До денес не е разјаснето кој го нарача убиството и кој пукаше во него.

Слични Вести
Menu