Ќерката на пејачот Милан Топаловиќ Топалко, убавата Хелена Топаловиќ, го кажа своето судбоносно „да“ и се пофали на својот профил на Инстаграм.
Познатата убавица на својот профил на Инстаграм најпрво објави слики од одморот, а потоа и од хотелската соба и креветот на кој е целосно нашминкана и во цветен фустан со раскошното деколте во преден план, а потоа се појави и фотографија од свршеничкиот прстен.
Хелена потоа објави и видео на кое се гледа дијамант и на кое пишува кажав „да“.
Инаку, убавата Хелена пред извесен период се најде во центарот на вниманието во медиумите заради наводната врска со оженет маж, по што таа се огласи и наведе дека нејзиниот партнер е разведен.
Инаку, партнерот ја запроси ќерката на Топалко за време на нивниот одмор во Шпанија, а од нејзините објави на социјалните мрежи можеме да видиме дека целиот апартман беше украсен со ружи и црвени балони.
Уживаат во луксузот
Но, само неколку дена по романтична веридба на Ибица Хелена реши да го покаже неверојатниот луксуз од оваа егзотична дестинација.
