Романската тениска ѕвезда и некогашниот прв тениски рекет на ВТА листата Симона Халеп (29 г) се омажи за македонскиот тајкун Тони Јурук (42 г.). За семејствата и бројните пријатели брачната двојка приреди раскошна венчавка во средата во родниот град Констанца.
Халеп дартумот на венчавката го темпирала да биде по завршувањето на тенискиот гренд-слем турнир ЈУ Опен на кој стаса до осминафиналето. Романката во својата кариера има освоено два гренд-слем трофеии, по еден на Ролан Гарос и Вимблдон.
-Беше прекрасно. Ова се сосема поинакви емоции во споредба со победите на гренд-слем турнирите. Тенисот е едно, а овој чин нешто сосема друго. Направивме голем чекор во животот. Многу сум среќна – рече возбудено Халеп.
Момчето на Халеп, која има македонски корени, е бизнисмен од Македонија за кого се зборува, а странските медиуми пренесуваат дека располага со големо богатство. Тие споменуваат дека во негова сопственост има шет компании. Пред да се ожени со Халеп веќе имал два брака.