Поминаа седум години откако се венчаа хрватскиот музичар Тони Цетински (52) и Дубравка Цетински (37). Всушност, тоа го направија кај матичар и во три различни градови, но сега заветот го потврдија и во црквата.
Тони Цетински објави фотографија со сопругата Дубравка која позира во прекрасна венчаница.
Во описот на фотографијата сподели многу нежна порака која наиде на општ ентузијазам кај следбениците.
“Секое добро што го имаме или го правиме може да произлезе само од Бог кој е само добар. Исто така, љубовта, ако сака да биде вистинска, мора да доаѓа од Божјата љубов. Редовното присуство на Светата миса и примањето на телото Христово не` прави нови луѓе, Христијани. Тогаш, нашата љубов е поблиску до вистинската љубов што ја гледа Христос во нас. Во благодарност. Мажи, сакајте ги своите жени како што Христос ја сакаше Црквата и се` даде за неа “, стои во објавата на Тони на Инстаграм.
Цетински неодамна стана дедо, и радосната вест ја сподели на социјалните мрежи.
„Се роди внуката Елена. Честитки за мама Нина и тато Кристијан. Те сака Ноно Тони, сонце на мојот живот Елена. Што да кажам? Немам зборови. Децата се сонцето на нашите животи на кои мора да посветиме посебно внимание во овие луди времиња“, напиша пејачот.