Прв проблем во ПСЖ: Меси одби да се поздрави со тренерот по замената

Револтиран што беше заменет на натпревар во кој неговиот тим го победи Лион со 2:1, Лео Меси одби да се ракува со тренерот Маурисио Почетино.

За прв пат во лигашки натпревар ПСЖ стартуваше со Меси, Нејмар и Килјан Мбапе во нападот, но тројката во офанзивата не импресионираше.

Почетино го прекина домашното деби на Меси во 75. минута во обид да ги промени работите на теренот и успеа во тоа бидејќи Мауро Икарди влезе од клупата и постигна гол за победа.

Слични Вести
Menu