КАКО ДА КАЖЕТЕ „ТЕ САКАМ!“ НА ОРИГИНАЛЕН НАЧИН

Кога сакате да го разнобразите односот со партнерот и да направите нешто убаво и различно, можете да му кажете колку го сакате на посебен начин.

Еве неколку романтични изрази што ќе направат да се чувствува сакан и посакуван:

Те сакам се повеќе и повеќе секој ден!

Зарем не е прекрасно за вашиот партнер да разбере дека со секој изминат ден вашите чувства стануваат посилни. Ова е прекрасен начин да покажете колку е важен вашиот сакан маж за вас. Ова ќе направи да се чувствува сакан и исполнет. Па што чекате?

До мене лежи најзгодниот маж на светот!

Да, и мажите сакаат комплименти. Многу. Ако очекувате вашиот партнер постојано да забележува колку сте убави и неодоливи, зошто да не го сторите истото? Кога се гушкате во кревет и се чувствувате добро, му кажувате колку е убав и секси. Ќе видите дека ова ќе има големо влијание и врз неговата самодоверба и врз односот со вас.

Ми го правиш животот подобар!

Слични Вести
Menu