Поранешниот сопруг на Џенифер Лопез, пејачот Марк Ентони, се појави со новата девојка на црвениот тепих на доделувањето на латино наградите „Билборд“. Сите очи на присутните и блицовите на камерите беа вперени во нив, а колку двојката е вљубена сведочеше и бакнежот кој се случи пред нив.
Имено, новата девојка на славниот музичар се вика Маду Никола Харис, а на црвениот тепих блескаше во прегратката на својот сакан.
Маду носела прекрасен елегантен црн фустан, додека Марк останал доследен на својот препознатлив стил.
Пејачот беше номиниран за тропски музичар на годината и за песна на годината, но Принц Ројс ги освои двете награди.
Марк се разведе од манекенката Шенон Де Лима во 2017 година по само две години брак, а претходно беше во брак со Џенифер Лопез, со која ги доби близнаците Ема Марибел Мунџиз и Максимилијан Дејвид Мунџиз, сега веќе 13-годишни.
Лопез во последните месеци ги полни насловните страници на таблоидите со обновената врска со актерот Бен Афлек.
