Војната меѓу Северина и нејзиниот екс свршеник Милан Поповиќ со кого го има синот Александар не стивнува. Пејачката на Инстаграм објави фотографија на која се гледа дека и стигнала нова тужба. Овој пат, како што наведува, кралот на бакарот ја тужел заради објава на Инстаграм.
– Добро утро екипо! Како ви почна денот? Моите утра почнуваат со тужби. Добив уште една тужба од човекот кој покрена преку 70. Сите ќе ги објавам со време. Ова парничење има своја дијагноза. Главно тужбата го оправдува судијата кој ми го одзеде детето. Завчера добив тужба за Инстаграм. Како вам ви почнува утрото, прашала Севе.
Освен Северина, по разни основи, Поповиќ пред три години го пријави и Кеба, таткото на поранешниот сопруг на пејачката. Ја тужеше и нејзината сестра Маријана, како и ќерка и Миа, но и својот поранешен адвокат затоа што, според него, одавал тајни на Северина за него.