Колку троши разгалената принцеза Олимпија!?

Летото ѝ е резервирано за крстарење низ Грција, а третманите за убавина ги прави низ целиот свет. Еден третман на лице ја чини 32.000 денари, а најмалку пари вели дека дава за ставањето гел на ноктите, кое ја чини 3.000 денари.

Принцезата Олимпија од Грција има 25 години, порасната е во Велика Британија, но го обожава своето грчко потекло, постојано е дел од значајни светски настани, а се појавува и на насловните страници на модните магазини од типот на Harper’s Bazaar.

Во едно неодамнешно интервју таа проговори за нејзините навики за убавина:

„Опседната сум со вештачки трепки и одам на едно специјално место во Њујорк кое ми го промени животот. Ми ставаат екстензии на трепките и спијам со специјална маска на очите секоја ноќ за да не ми се заплеткаат.“

Олимпија открива дека ова задоволство ја чини 21.000 денари.

Потоа таа открива дека веѓите ги средува во Лос Анџелес и обликувањето ја чини 3.400 денари.

Одговорен за нејзината коса е познат салон од Њујорк за кој вели дека потстрижување плаќа 16.000 денари:

„Фризерот ме знае од 8-годишна возраст, секогаш одам таму затоа што и мајка ми ја средуваше истиот фризер Кристијано од Richard Ward салонот.“

Олимпија открива дека е зависна од фацијални третмани, СПА посети и што уште не.

Еден третман на лице ја чини 32.000 денари, а најмалку пари вели дека дава за ставањето гел на ноктите, кое ја чини 3.000 денари.

Инаку, принцезата Олимпија поголем дел од летото го минала патувајќи низ Грција со семејството и момчето.

Досега се има појавено во кампањи на низа познати брендови како Bulgari и Louis Vuitton.

Слични Вести
Menu