„ЛИДЛ“ ВО ХОЛАНДИЈА ПОВЕЌЕ НЕМА ДА ПРОДАВА ЦИГАРИ И ТУТУН

Повеќе од 400 продавници на Лидл во Холандија повеќе нема да продаваат цигари или тутун, објави германскиот синџир продавници.

Со овој потег Лидл ја претрка владината забрана и стана првиот голем ланец што ги повлекува тутунските производи од понудата.

„Лидл активно придонесува за создавање генерација на непушачи“, велат од компанијата.

Лидл Холандија ја поддржува иницијативата на неколку здравствени организации чија цел е „да им се даде можност на децата да растат без чад и да ги заштитат од штетните ефекти на пасивното пушење и искушението самите да почнат да пушат“.

Од 2024 година, тутунските производи ќе можат да се продаваат само на места со посебна дозвола

Холандската влада го пофали потегот на компанијата, која го објави уште во 2018 година и постепено се прошири долж малопродажната мрежа.

„Се надеваме дека нивниот пример наскоро ќе го следат и други ланци на супермаркети“, вели холандскиот министер за здравство Пол Блохуис.

Од 2024 година, тутунските производи во Холандија ќе можат да се продаваат само на бензински пумпи, специјализирани продавници, киосци и продавници што добиваат специјална дозвола, пишува ДПА.

Од 2023 година, продажбата преку Интернет исто така ќе биде забранета.

Слични Вести
Menu