Ибрахимовиќ за 40. роденден се почести со Ферари вредно 450.000 евра

Шведскиот фудбалски интеранционалец со потекло од БиХ,  Златан Ибрахимовиќ вчера во Милано го прослави својот 40. роденден. Ибра-гол и покрај четирите децении од животот е активен на фудбалските терени, ги брани боите на италијанскиот калчолигаш Милан.

Во негов стил, на твитер-објвата каде ја објави фотографијата, си честита и самиот себе испишувајќи „Среќен роденден Златан“.

СФ90 Страдале е првиот плаг-ин хибриден Ферари кој го покренува четирилитарски В8 твин-турбо мотор потпомогнат со три електромотори. Интересно е што Ибрахимовиќ и за 38. и 39. роденден исто така се почести со скапоцени автомобили.
Пред две години си купи Ферари Монца СП2, а минатата година се почести со Порше 911 Тарга.

Слични Вести
Menu