Microsoft почна да го испорачува Windows 11 до корисниците (ВИДЕО)

Најновата верзија на компјутерскиот оперативен систем на Microsoft – Windows 11 од денеска е достапен ширум светот.

Windows 11 можат целосно бесплатно да го презенат сите корисници на Windows 10, а официјалниот претставник на компанијата, Панос Панај за BBC изјави дека најновиот S е дизајниран да биде „чист, свеж и едноставен за корисниците“.

Малку изненадувачки, Microsoft синоќа почна со испорака на Windows 11 на уредите кои имаат соодветен хардвер. Иако претходно беше истакнато дека објавата на новиот оперативен систем ќе почне на 5. октомври, се чини дека компанијата ги промени плановите и почна со порано доставување на платформата.

Иако претходно имаше многу забуна кога станува збор за минималните хардверски барања, сега тие барања се чини дека се конечни. Поддржаните процесори вклучуваат соодветни Intel Core чипови од 7. генерација, сите процесори од 8. генерација, како и понови. Оние кои се обидуваат да го инсталираат оперативниот систем на неподдржан уред, Microsoft може да го одбие тоа ажурирање. Апликацијата PC Health Check и некои други програми можат да им помогнат на оние кои не се сигурни дали нивниот компјутер се квалификува за надградба.

Кога се во прашање иновациите, Windows 11 имплементира промени во корисничкиот интерфејс, нови апликации, донесува нови функции наменети за напредни корисници и друго.

Windows 11 најпрво ќе им биде понуден на корисниците на уреди кои се хардверски подобни за надградба. До крајот на оваа година и следната година, Microsoft ќе ја засили испораката и ќе ја прошири на повеќе уреди.

Оние кои не можат или не сакаат да чекаат да им биде понудена Windows 11 надградба во рамките на Windows 10, можат да го користат новиот Windows 11 Installation Assistant на оваа страница на Microsoft.

Слични Вести
Menu