Фолк ѕвездата Цеца Ражњатовиќ вели дека би ги спакувала куферите и би се вратила да живее во село.
Пејачката, по потекло од Житораѓе, тврди дека и е доста од Белград, каде живее веќе 32 години.
– Би сакала да заминам на село, но обврските не ми дозволуваат… Се гушам во смогот на Белград, но трпам – вели Цеца за „Информер“ и додава дека и нејзиниот син Вељко го сака селото, па решил да живее кај дедото во Тител.
-Уште како дете го сакаше селото, бидејќи таквата средина му дава мир. Затоа таму си изгради свое царство, во кое ужива далеку од градот.
За разлика од Вељко, неговата сестра Анастасија ужива во градот.
Цеца вели дека слуша нови мелодии и наскоро ќе почне да снима.
Повеќето нејзини хитови ги напиша покојната Марина Туцаковиќ, па сега пејачката бара нови соработници.
– Жал ми е што немам ниту една песна на Марина што не сум ја снимила. Таа беше гениј, дар од Бога! Што би рекла Ана Николиќ, ќе се зборува за времето со Марина и после Марина – го завршува разговорот фолк sвездата.