Во кој италијански град ќе се одржи Евросонг 2022?

На официјалната страница на Инстаграм на Евровизија е објавено дека натпреварот ќе се одржи од 10 до 14 мај 2022 година.

“Среќни сме да го објавиме Торино како домаќин на следното издание на Евросонг, меѓународен фестивал сакан од голема публика во секоја земја. Изборот на РАИ, заедно со ЕБУ, не беше лесен поради многу високите предлози од другите градови, на кои им се заблагодарувам за нивното ентузијастичко учество. Денес, започнува возбудливото патување за РАИ и Торино, кое ќе не` одведе до мај 2022 година. Тоа е голем предизвик за РАИ и нашата земја “, изјави извршниот директор на РАИ, Карло Фуортес за италијанските медиуми.

Торино ќе биде третиот италијански град што ќе биде домаќин на Евровизија, по Неапол (1965) и Рим (1991).

Патем, градовите што се натпреварувале со Торино за домаќин на Евровизија биле Болоња, Милано, Пезаро и Римини. Групата Менескин победи на Евровизија оваа година и го донесе натпреварот во Италија.

Слични Вести
Menu