Актерот Џорџ Клуни неодамна беше гостин во емисијата на Ендрју Мар на Би -Би -Си и во таа прилика го коментираше поранешниот американски претседател Доналд Трамп, пренесуваат американските медиуми.
Клуни во моментов го промовира својот нов филм „Тендер бар“ во Велика Британија, но политиката ја коментираше само кога зборуваше кај Мар.
Зборувајќи за актуелниот претседател на Соединетите Американски Држави, Џо Бајден и за Трамп, славниот актер потсети на периодот кога Трамп беше само бизнисмен, односно времето пред да одлучи да влезе во политички води.
– Сето ова ми е многу смешно бидејќи тој беше обичен будала пред неговиот мандат. Го познавав пред да стане претседател, тој беше еден од оние мажи кои само трчаа по жени. Секогаш кога се среќававме на настан, тој се приближуваше и прашуваше:
– Како се вика девојката? – рече низ насмевка Клуни.
Тој додаде дека е неверојатен факт дека има голем број поддржувачи на Трамп кои го сметаат поранешниот американски претседател за херој.
Во интервјуто, тој исто така рече дека во моментов не размислува да влезе во политиката поради неговата возраст, туку и затоа што сака да го искористи остатокот од својот живот што е можно повеќе и да ужива со своето семејство без стрес.