Пресврт во судењето: Емина Јаховиќ сите ја поддржаа во борбата за алиментација, но сега судот има докази во полза на Мустафа Сандал

Пред неколку месеци, Емина Јаховиќ ја изненади јавноста откривајќи дека нејзиниот бивш сопруг повеќе од две години не плаќал алиментација за нивните две деца. Сандал веднаш ѝ возврати со образложението дека таа за време на пандемијата многу повеќе заработувала од него, и тоа од продажбата на производите на нејзиниот козметички бренд, а тој немал настапи и поради тоа заработил многу малку пари.

Но, иако турскиот суд речиси секогаш во ваков случај е на страната на жените, овој пат ја прекина постапката. Причината е тоа што Мустафа Сандал доставил извод од банка на кој јасно се гледа дека тој на сметката на Јаховиќ  уплатил над 90.000 евра.

Исто така, веднаш по разводот, на бившата сопруга ѝ уплатил и 71.000 евра за изнајмување на вилата во која живеела.

Емина, пак, објаснува дека Мустафа сите недвижнини ги пренел на името на мајка му, и тоа една година пред разводот.

Следното рочиште закажано е за 20 јануари 2022 година.

Слични Вести
Menu