И денес, четиринаесет години подоцна, тешко е да се зборува за Тошe, како и за првиот ден
кога тоа се случи. Ништо не е исто со неговото заминување, и секој ден, месец и година
недостасува уште повеќе, не само јас, туку мислам на сите нас што имавме привилегија да
го знаеме, да се дружиме, да работиме заедно, да се радуваме и да тагуваме! Искрено верувам
дека тој отиде во подобар свет од ова, но благодарение на неговите дела и првенствено
човечките доблести и скромност, тој останува засекогаш доказ и еден од оние што ја враќаат
вербата во човештвото и Бог. Сигурен сум дека тој не гледа,надгледува на некој начин и
не чува безбедни за овој земен живот, бидејќи тој беше и остана ангел на добрината.
Го сакаме засекогаш, и се што планиравме заедно знам како ќе се средиме кога ќе се
сретнеме на некој план, во вселената...
Засекогаш во срцето, пишува во својата ФБ објава познатиот хрватски пејач Тони Цетински.