Холандски научници развиваат безболна ласерска вакцина

Холандските научници работат на развојот на ласерска технологија којашто би можела да резултира со „речиси безболно“ инјектирање на вакцините без игли, а својот досегашен успех го сметаат напредок кој на некои пациенти ќе им го ублажи стравот од иглите и ќе придонесе за поголем број вакцинирани.

Уредот кој потсетува на „пиштол со меурчиња“ користи ласер кој ги потиснува малите капки низ надворешниот слој од кожата, појаснува Давид Фернандез Ривас, провесор од Универзитетот Твенте и научен асистент на славниот американски Технолошки институт во Масачусетс (MIT), кој ја осмислил и разработил оваа идеја.

Самата постапка е побрза од каснувањето на комарец и „не би требало да боли“, бидејќи нервните завршетоци на кожата меѓусебно не се допират. Ривас додава и дека постапката уште дополнително ќе биде проучена.

„Стаклото во кое се наоѓа течноста се загрева со ласер во милисекунда, а потоа во течноста се создаваат меурчиња кои ја потиснуваат течноста низ надворешниот слој на кожата со брзина од најмалку 100 километри на час“, вели Ривас во интервјуто за Reuters.

Таквата постапка овозможува вбризгување на течноста низ кожата без никакви оштетувања или лузни. Не се гледа никаква раничка, ниту влезна точка, додава Ривас.

Очекува дека неговиот изум да придонесе повеќе луѓе да се решаваат за вакцинирање, а истовремено ќе го спречи ризикот од контаминација којашто може да се случи поради валканите игли на инјекцииите. И, на крајот но не и помалку важно, неговиот изум така ќе придонесе и за намалување на медицинскиот отпад.

Тестирањата на примероци од ткива се успешно спроведени благодарејќи на неповратните средства од Европската унија во износ од 1,5 милиони евра, а барањето за финансирање на почетокот на тестирањата на новиот уред на волонтерите, компанијата ќе го поднесе уште овој месец, открива Ривас.

Вели и дека новата старт-ап компанија ќе соработува со претставниците на фармацевтската индустрија за да биде тестирана и пласирана технологијата слична на „Bubble Gun“. Но до моментот кога методот ќе стане достапна за пошироката јавност би можело да измине една до три години, зависно од напредокот постигнат во истражувањата и од регулаторните прашања.

Слични Вести
Menu