Ана Бекта настапила во Белград, а со песната ги одушевила и стари и млади. Во таа прилика, ги открила своите ставови по прашањето за филмот “Тома“, како и за тоа дали и понатаму е во кавга со музичарот Ѓорѓе Давид.
Како што пренесува Курир, таа не го гледала овој филм, а причината за тоа е што едноставно немала време.
– Не стигнувам од снимања и гостувања. Сакам да одам во кино да го гледам филмот. Добивав линкови кои кружеа, но не го гледав бидејќи не ми е интересно да го гледам на телефон. Нека ме уапсат, еве мене прва – навела Бекута и порачала дека надлежните треба да уапсат луѓе од екипата на филмот кој тој линк го поделиле.
Што се однесува на конфликтотсо Ѓорѓе Давид, рекла дека нема место за нетрпеливост.
– Тоа се случи пред пет години, нема место за нетрпеливост – истакнала Бекута.