Аргентинскиот модел и фудбалски агент, Ванда Нара, го остави сопругот Мауро Икарди, а крајот на 7-годишната љубов следела по наводната афера на фудбалерот со аргентинската актерка Марија Еугенија „Чина“ Суарез.
Како што пренесуваат странските медиуми, Ванда се иселила од нивниот семеен дом во Париз заедно со 5-те деца – 2 кои ги има со Мауро и 3 деца од првиот брак со Макси Лопез.
„Раката ми изгледа подобро без прстен“, објави Нара на Инстаграм стори.
Ванда открила дека по сомнежот дека нејзиниот сопруг ја изневерува, најмила приватен детектив кој го следел. Кога од него добила потврда за сомнежот, во неговиот телефон пронашла и компромитирачки пораки.
Италијанските медиуми дознаа дека жената со која ја изневерувал Ванда е сексапилната 29-годишна актерка Чина Суарез од Буенос Аирес.
Таа наводно му испраќала пораки на Мауро за да се најдат некаде каде што никој не ги познава. Кога Ванда го соочила со вистината, Икарди наводно не го негирал допишувањето со актерката, но ѝ рекол дека станувало збор само за флерт и ништо повеќе.