Малкумина знаат дека спотот на Цеца за песната Кукавица крие една неверојатна приказна која досега не е раскажана.
Имено, во него како главен јунак се појавува Горан Андрејиќ, кој по овој спот ќе го добие прекарот Горан Кукавица.
Она што досега не се знаеше е дека во улогата на девојката која што во спотот ја изневерува Цеца всушност е неговата девојка Татјана од вистинскиот живот којашто ја ожени една година по снимањето на спотот.
Како што пишуваат медиумите, тие наводно се запознале за време на снимањето на спотот и веднаш се појавиле првите љубовни искри.
Цеца по една година била гостинка на нивната свадба, а на младенците таа вечер им ја запеала токму песната „Кукавица“.
7. maja '94 oženio se Cecin ljubavnik iz "Kukavice" (i to sa svojom "ženom" iz "Kukavice" – manekenkom Tatjanom), a na svadbi im je pevala Ceca. I to "Kukavicu". ?#ceca #cecaraznatovic pic.twitter.com/eQ1AxyQ7D4
— Ceca_press (@PressCeca) October 13, 2021
Корисниците на социјалните мрежи дојдоа до фотографија која што сведочи на оваа љубовна приказна.
Но за жал, по неколку години брак, нивната љубов ќе заврши, па Горан и Татјана ќе решат да се разделат.
Но нивната неверојатна љубовна приказна и денес се изненадени фановите на Цеца, посебно што станува збор за една од нејзините најпознати песни и еден од најгледаните спотови во нејзината кариера.
