Ако изгледате исто како на фотографиите од вашата матура, тоа значи дека имате среќа и дека најдобрите години се пред вас. Некои жени едноставно изгледаат подобро со годините бидејќи животот ги наградува со добри гени.

Една од овие жени е Лајза Лауриквин, медицинска сестра од Лондон, на која луѓето секојдневно ѝ даваат комплименти за нејзиниот изглед, постојано намалувајќи ја нејзината возраст за цели две децении.
Британката тврди дека никогаш немала ставано ботокс и дека нема никакви тајни за нејзиниот младешки изглед, додавајќи дека луѓето се изненадени кога ќе им каже колку е стара затоа што мислат дека е во раните триесетти години – што според неа е подеднакво „ласкаво и непријатно“.
Во реалноста, Лајза, која редовно се натпреварува на избори за убавина, е всушност дваесет години постара.