Денес наполни 61 година, роденденот го прослави на Флорида

Лепа Брена, една од најголемите музички звезди на овие простори, денес го прославува 61от роденден. Во претходните години обично оваа дата беше поврзана со концерт во Белград, заедно со илјадници фанови, но короната малку ги промени нејзините планови овој пат

Популарната пејачка Лепа Брена во моментов е многу далеку од балканот, на другата страна на светот, на сончевата Флорида.

На ова возбудливо патување друштво и прават неколку нејзини пријателки, па воопшто не се сомневаме дали убаво ќе си поминат.

Во меѓувреме таа за своите следбеници на Инстаграм сподели неколку интересни фотографии, кои се доказ за тоа каква е атмосферата во друштвото.

На една фотографија Брена позираше со алигатор. Можеби и тој ќе биде дел од роденденската прослава…

Слични Вести
Menu