Почина актерот Џејмс Мајкл Тајлер, келнерот Гантер од „Пријатели“

Џејмс Мајк Тајлер, актерот најпознат по улогата на Гантер, почина на 60-годишна возраст.

„Тајлер почина мирно во својот дом во Лос Анџелес во неделата наутро. Светот го препознаваше како Гантер, седмиот пријател од серијата „Пријатели“, но најмилите Мајкл го препознаваа како актер, музичар и човек кој се залагаше за подигнување на свеста за опасноста од канцер“, објавил неговиот менаџер Тони Бенсон.

Да ве потсетиме, актерот неодамна откри дека од 2018 година боледувал од канцер на простатата.

Докторите прво биле оптимисти, но на почетокот на пандемијата Џејмс морал да ги пропушти прегледите. Канцерот во меѓувреме почнал да мутира и да се проширува и на неговите коски поради што актерот останал парализиран во долниот дел од телото.

Актерот беше најпознат по тоа што 10 сезони ја толкуваше улогата на Гантер, управувајќи со кафулето „Central Perk“.

Креаторите на „Пријатели“ за „CNN“ своевремено изјавиле дека Тајлер бил „искрен, љубезен и прекрасен човек“.

Слични Вести
Menu