Елена Ристеска на социјалните мрежи сподели фотографии од фестивал одржан неодамна во Инстанбул, под името „Best of Rumeli“.
Елена примила награда за „Најдобар претставник на македонската култура во светот“.
„Благодарам Турција за оваа драгоцена награда, ми значи премногу. Можеби наградите не значат многу во однос на музичкиот успех, но кога ќе ги погледнам сите награди на мојата полица, сфаќам дека тие покажуваат колку сум постигнала во мојата 20-годишна кариера. Одлично е чувство“, напиша Ристеска во Инстаграм објавата.
На настанот присуствувале познати турски имиња, како и познати ѕвезди од регионот меѓу кои и Ханка Палдум и Биг Мама, а некои од нив добиле и награди.
За неверојатната креација на Ристеска се погрижила Мерсиха Казим, додека за шминката бил одговорен нејзиниот долгогодишен пријател Даниел Николовски.