Манескин рамо до рамо со Ролинг Стоунс во Лас Вегас

Италијанската сензација, бендот Манескин синоќа успешно настапи во популарното „The Tonight Show“ на Џими Фалон. Тоа беше нивното прво појавување на американската телевизија, а ја отпеаја песната „Beggin“ и најновиот сингл „MAMMAMIA“.

Тие на социјалните мрежи објавија и неколку фотографии од настапот на кои позираат сами, но и со водителот.

Настапија како што доликува на нивната репутација, во тесни кожни костуми со светки.

Фалон откри за време на шоуто дека бендот ќе свири заедно со Ролинг Стоунс на концертот на 6 ноември во Лас Вегас. Така Дамијано Дејвид, Викторија Де Анџелис, Томас Раџи и Итан Торчио ќе настапат покрај Мик Џегер и другите на стадионот Алегиант.

Слични Вести
Menu