Искрено пријателство помеѓу маж и жена?!

Една од најчестите дилеми на денешнината е – дали маж и жена можат да бидат пријатели? Терапевтката Кеја Марти се осврна на оваа тема.

– Да, мажите и жените можат да бидат пријатели, гласи нејзиниот кус одговор.

Таа вели дека има машки пријатели кои навистина ѝ се само пријатели.

– Знам и други жени со слични односи. Во сите случаи се случило да се дружиме со децении за да го достигнеме тоа ниво на зрелост. Сосем е возможно да имате искрено пријателство со личност од спротивниот пол, ако знаете дека го сакате тоа и работите тоа да се оствари, додаде таа.

Научници, претходно оваа година, се осврнаа на оваа тема како дел од трудот „Прилагодувачко човечко објаснување и психологија“ (Adaptive Human Behavior and Physiology). Автор на истражувањата е Робин Данбар, професор по еволутивна психологија на Оксфорд. Испитувачите забележале дека заедничка одлика на создавање блиски односи е сличноста. Тоа значи дека луѓето имаат тенденција да создаваат односи со оние кои се како нив, слични на нив.

Испитани биле 260 учесници на возраст од 18 до 80 години. Тие биле прашани за нивните пријателски и други блиски односи. Задачата била во тоа – да го проценат нивото на интимност во нивните љубовни врски и во пријателските односи.

Тие, исто така, се оценуваа и себеси. Заклучоците говорат дека луѓето избираат и пријатели и романтични партнери според сличните ним одлики и особини.

Натаму, според наводите, женските пријателства се најинтимни кога пријателите се најслични во образованието, хуморот и општата смисла за задоволство во животот. Мажот, пак, е најблизок со оној – неговиот најдобар пријател, со кого се најслични по друштвените особини, како што се финансиите, дружељубивоста…

Истражувачите велат дека ова можеби објаснува зошто жените претпочитаат да се дружат „еден на еден“, а мажите претпочитаат да се дружат во групи.

Најдобрите пријателства меѓу истополови поединци, сепак, се многу почести (78 отсто кај машките испитаници и 85 отсто кај жените), отколку најдобрите пријателства меѓу спротивните полови. Научниците ова го припишуваат на различниот општ став на мажите и жените за поимот пријателство. 

Слични Вести
Menu