„Ѕверот“ на Бајден е бункер на 4 тркала во кој прозорците не се отвораат – тоа не е автомобил туку „вселенски брод“

Автомобилот кој го користи американскиот претседател Џо Бајден изгледа како и многу други слични видови, а всушност е еден вид на вселенски брод, пренесува агенцијата „Ansa“.

Автомобилот на претседателот Бајден „Cadillac 1“ којшто го нарекуваат и „ѕвер“, по своите карактеристики претставува еден вид на бункер на четири тркала.

Автомобилот е отпорен на евентуален хемиски напад, оган и мини, благодарение на блиндираниот оклоп со дебелина од 13 сантиметри. Тежок е осум и пол тона и направен е така што може да се преврти во случај на судар.

„Cadillac 1“ е опремен со специјален систем за ноќно возење кој овозможува безбедно движење со згаснати фарови во полна брзина и во целосен мрак.

Гумите се направени од специјален материјал и се отпорни на ракетен напад.

Стаклата од автомобилот се составени од пет слоеви, со вкупна дебелина од 13 сантиметри. Прозорците не е можно да се отворат, освен оној којшто се наоѓа кај возачот, но и тој не може да се отвори повеќе од осум сантиметри.

Претседателскиот автомобил има турбо дизел мотор од 6.600 кубика, но поради тежината не може да развие брзина поголема од 100 км/ч.

Троши еден литар гориво на секои 500 метри, а резервоарот е направен од материјал отпорен на оган.

Автомобилот на претседателот на САД е опремен со врвни електронски системи и сателитски телефони што на претседателот му овозможува постојани, директни контакти со својот заменик и Пентагон и контролата на воените и нуклеарните потенцијали за земјата.

Слични Вести
Menu