„Chrome“ има нов трик кој го прави сурфањето на интернет многу побрзо

„Google Chrome“ воведува нова функција наречена „RawDraw“, која треба да го намали оптоварувањето на системските ресурси на вашиот компјутер при користење на Интернет, со менување на начинот на кој се конструираат страниците.

Кога гледате веб-локации, „Chrome“ ќе избере одредени пиксели што ќе ги користи за цртање на таа страница. Прелистувачот ја дели страницата на мрежа од 256 X 256 пиксели, а потоа доделува ресурси на тие поединечни плочки.

Овој процес го спасува „Chrome“ од потребата повторно да ја пресметува целата веб-страница за секоја поединечна рамка или некој мултимедијален елемент со кој тој комуницира, пишува „Android Police“.

Сепак, поединечните плочки на страници може да бидат прилично тешки на современите екрани со висока резолуција, а понекогаш и да заземат до 10 MB RAM меморија. Ако го замислите повеќекратниот број на плочки потребни за една веб-страница, а потоа го проширите на сите страници отворени во повеќе јазичиња, тоа може да биде многу.

Со „RawDraw“, овој процес (наречен „Viz“) повеќе не доделува текстури на секоја плочка. Ова го намалува оптоварувањето на меморијата и процесорот на компјутерот, така што графичкиот процесор може брзо да „растеризира“ (конвертира слика од формат на векторска графика во „растер“ – преку пиксели, точки и линии кои заедно создаваат слика на веб-страница ) потребните плочки. Ова има потенцијал да ја намали потрошувачката на ресурси за содржината да се прикажува до 90 проценти.

„RawDraw“ моментално е достапен само во ограничен обем, во недовршена и нестабилна верзија, бидејќи стабилна, подготвена за употреба верзија сè уште не е објавена.

Сепак, за очекување е дека наскоро ќе можеме да ја користиме оваа алатка на дневна основа, кога ќе излезе постабилна верзија. Тоа треба да го намали чувството на бавност карактеристично за „Chrome“ и да обезбеди „непречено“ сурфање со помалку трошење на компјутерски ресурси.

Слични Вести
Menu