Го остварил сонот: Познатиот фудбалер по „Ferrari“ купил „Fiat Panda“

Фудбалерот на миланскиот Интер се пофалил на социјалните мрежи со својот нов автомобил.

Артуро Видал во колекцијата на скапоцени возила, помеѓу кои има и машини како „Ferrari 488 Spider“ и црн „Brabus AMG G700“, додал еден повеќе од скромен автомобил – „Fiat Panda“ и тоа модел од првата генерација.

„Конечно пристигна подарокот – соништата се остварија! Со години чекав да го добијам“, напишал фудбалерот покрај фотографијата од својата „Panda“, паркирана покрај споменатите „Ferrari“ и „Brabus“.

Чилеанскиот интернационалец не се задоволил само со фотографија од својот нов автомобил на Инстаграм, па затоа објавил и видео на кое се гледа како ужива во возењето на „Panda“ со својата девојка.

Слични Вести
Menu