Пејачката Јелена Карлеуша синоќа се појави на прослава во Белград, па како што вообичаено се случува кога е во прашање, таа го украде шоуто со својот изглед и стајлинг.

Јелена се одлучи за стариот добар гламур и монохроматски изглед. Нејзината боја оваа вечер беше црвената, а луксузниот фустан ја следеше линијата на телото и дополнително го истакна сексапилот на Јелена со провокативен шлиц.
Популарната ЈК ги мамеше погледите на присутните во многу смела комбинација а еден момент и ја покажа и долната облека.

Сепак по се изгледа Карлеуша не се грижеше за ништо освен да направи добра фотографија на Инстаграм каде што е една од најпопуларните личности на Балканот.