Цеца конечно откри зошто е скарана со Мили и колку многу ја разочарал

Медиумите изминатово лето пишуваа дека Александар Милиќ Мили се почести со вила и јахта во Турција, а за нив издвоил 1 500 000 евра, пишува курир.рс

Композиторот и лидерот на „Милиграм“ моментално се одмара во куќата која ја купил во летувалиштето Гоџек, а прва сосетка му е пејачката Емина Јаховиќ.

Александар заедно со семејството ужива во новата куќа во Турција за која издвоил околу 900 000 евра. Композиторот и новиот директор на „Гранд“ паметно ги инвестирал заработените пари.

Како што пишува курир.рс, Мили со помош на Емина Јаховиќ ангажирал агенција за недвижности, па со сопругата Нина разгледале неколку вили.

Новата куќа на Мили се наоѓа во близина на морето, но и во близина на центарот на градот. Емина Јаховиќ му е сосетка на Мили, па претходното лето поминувале доста време заедно.

Исто така, Мили купил и јахта за која издвоил 600 000 евра, а на социјалните мрежи знае често да сподели како крстари со неговата нова, скапа „играчка“, како што медиумите ја нарекоа.

Фолк пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ и нејзиниот некогашен соработник, музичар Александар Милиќ Мили често се караат во музичкото натпреварување “Ѕвездите на Гранд“, па така и оваа недела.

– Кога некој прави мелодија, текстот и изведувачот ја даваат душата. Не може да биде важна само едната страна, важни се сите три – истакна Цеца.

Да потсетиме, Цеца претходно во „Ѕвезде Гранда“ изјави дека го туж-ела Мили, но не сакала да открие зошто.

Како што се испостави подоцна, чашата се прелеала кога Мили се пријавил како сопственик на сите албуми со кои работел, што значи дека само тој ги добивал парите од емитувањето на тие песни преку сите дигитални платформи.

Поранешните соработници често се суд-ираат во „Ѕвезде Гранда“, па Цеца неодамна во жарот на расправија му рекла на Мили:

– Јас те создадов, ти беше класичен анонимус! Се бранеше дека пред неа имал кариера и дека пишувал хитови и за многу други пејачи – изјави таа.

Слични Вести
Menu