Бил Гејтс најавува нова опасност во светот и повикува да се инвестира во истражувања

Милијардерот Бил Гејтс предупреди на самитот на ОН за климата во Глазгов COP26 дека, покрај пандемиите, постои и нова опасност за човештвото.

Тоа, рече тој, може да бидат терористички напади со биолошко оружје. Затоа тој повика да се инвестираат милијарди долари во таканаречените „Микробиски игри“, со цел човештвото да биде соодветно подготвено.

Гејтс го изјави ова за време на дискусијата со Џереми Хант, претседател на Комитетот за здравство и благосостојба на британскиот парламент и поранешен британски министер за здравство.

Основачот на „Мајкрософт“ повика на формирање на глобален пандемски „штрајк тим“ во Светската здравствена организација.

„Веројатно ќе бидат потребни околу милијарда годишно за оперативната група за пандемијата на ниво на СЗО, која врши надзор и всушност го прави она што јас го нарекувам „игри со бактерии“ каде што вежбате“, рече Гејтс.

Тој даде и пример како терористите можеле да нападнат неколку аеродроми во исто време со вирусот на сипаници, па тоа би можело да биде едно од сценаријата за вежбање на „Микробиолошките игри“ за да се подготват за евентуален напад.

Слични Вести
Menu