Канје се уште сака да биде со Ким: „Сè уште не сум ги видел документите за развод, а децата сакаат да бидеме заедно“

Канје Вест (44) во едно неодамнешно интервју изјави дека би сакал тој и Ким Кардашијан (41) да бидат заедно и дека нивното семејство е повторно обединето иако се во процес на развод.

– СНЛ ја тера мојата сопруга да каже дека сме разведени, а јас уште не сум ги видел документите, уште не сме разведени – изјави раперот за ТВ Револт.

Моите деца сакаат нивните родители да се заедно. Сакам да бидеме заедно – додал Канје.

Веста за нивниот развод одекна на почетокот на оваа година, а Ким поднесе барање за развод во февруари. Двојката има четири заеднички деца, Норт (8), Сент (5), Чикаго (39 и Псалм (2), а заедно се седум години.

Иако Ким поднесе барање за развод, поранешната двојка остана во одлични односи, па продолжуваат да се поддржуваат во деловните потфати.

Интервјуто во кое Канје рече дека се уште сака да биде со „сопругата“ е снимено пред да се појават гласини за Ким и Пит Дејвидсон (27).

Слични Вести
Menu