Што содржи менито на најмоќниот човек, Путин не може да одолее на сладолед!

Како изгледа менито за дневните оброци на рускиот претседател Владимир Путин?

Руската исхрана се заснова на чорби, супи, варени јадења од скромни состојки. Русите првенствено јадат многу здрава храна како кисели краставички, лук, цвекло, компири , кои се одлични извори на железо и витамин Ц,а кои се практично неизбежни за руската трпеза.

Путин сака житарки и мед, тој обично појадува овесна каша или леќа, со додавење на просо и мед од Алтај. Денот често го започнува со омлет од младо сирење, а сака и јајца од препелица.

По појадокот Путин пие здрави сокови а потоа кафе. Своето време потоа го посветува на утринските тренинзи. Кревањето тегови е негова секојдневна рутина која го прави витален и силен и на тоа се посветува по кратка пауза од пливањето.

Путин не руча, бидејќи нема време, па затоа има лесна вечера со млечни производи, обично кефир. Неговата исхрана може да се дефинира како медитеранска , а најчесто избегнува преработени производи и алкохол. Сепак повремено сака да пие вино или пиво, а се буди со зелен чај.

Не консумира слатки но има една храна на која не може да и одолее , а тоа е сладолед.

Целите житарки често се на неговото мени , ваквите каши често го продолжуваат чувството на ситост и го стабилизираат шеќерот во крвта.

Бидејќи повеќе сака риба од месо , таа обезбедува доволен внес на омега-3 киселини. Внесувањето на лесни протеини се балансира со јагнешкото и на тој начин обезбедува доволно извори на железо.

Слични Вести
Menu