Неда Украден за Маринко Роквиќ, “мојата мајка повеќе го слушаше него, отколку мене”

Веста за смртта на Маринко Роквиќ ја шокираше целата јавност во Србија.

Познато е дека Маринко Роквиќ бил голем пријател со Неда Украден која јавно се простила од колега и пријател изразувајќи сочуство и до семејството.

– Просто страв ми е да отворам телефон наутро и да слушнам повици од новинари. Штом ќе ме повикаат, веднаш знам дека некој починал. Жал ми е што овој термин беше резервиран за мене, а започнуам со вака тажна вест – зборувала Неда и додала:

– Ние бевме неколкумина кои жаревме и палевме по цела Југославија, тоа беа времиња на големи турнеи. Маринко е голем пејач, оваа земја создаде многу пејачки имиња. Тој е една посебна приказна, таков еденаш се раѓа и голема работа е што зад себе остави свои наследници кои се исто така талентирани деца… Инаку тој беше најомилен во моето семејство. Мојата мајка повеќе него сакаше да го слуша отколку мене. Ја сакаше неговата песна “Сваѓалице моја мала“, а мојот татко и јас “Поломио ветар гране“ – раскажала Неда.

– За жал повеќе го нема, но неговите песни засекогаш ќе останат. Нека му е вечна слава, благодарам и драго ми е што бевме пријатели, другари и колеги – заклучила Неда во една популарна забавна емисија.

Маринко Роквиќ починал во 68. година во својот дом на Кошутњак после тешко боледување од рак на панкреас.

Слични Вести
Menu