Северина со емотивна порака кон својата мајка

Северина Вучковиќ на својот инстаграм-профил ѝ посвети емотивна порака на својата мајка Ана Вучковиќ.

– Оваа прегратка ме направи човек, овие раце ми всадија топлина и нежност, храброста во нејзиното срце, безбедноста на нејзината поддршка… достоинството на нејзиниот став. Мама е моето најбезбедно прибежиште – напиша таа покрај фотографијата со мајка си.

Популарната пејачка моментално престојува во родниот Сплит, каде го поминува времето со семејството и пријателите.

Не крие колку е блиска со мајка си Ана, која била со неа во најтешките моменти од животот.

Слични Вести
Menu