Пејачката Каролина Гочева објави дека познатиот ракометар Кире Лазаорв, кој деновиве ја промовираше својата автобиографија „Секогаш на победа“ во Скопје, ѝ е школски другар.
„Пред неколку дена, мојот школски другар Кирил Лазаров ја промовираше својата автобиографија во која раскажува за својот пат од самите почетоци на неговата блескава кариера…
Кире, честитки за сѐ што си постигнал до сега, се радувавме на сите твои успеси и ги чувствуваме како свои…
Поздрав и до нашите поранешни соученици од IV6, гимназија ‘Јосип Броз Тито’ од Битола, генерација- ‘како да беше вчера’. Се гледаме на следна годишнина од матурска!“, напиша Гочева на нејзиниот профил на Инстаграм.