Како изгледаат денес најубавите близначки на светот?!

Тие беа прогласени за најубави близнаци на светот во 2010. Но и денес се толку убави што сигурно немаат конкуренција.

Џеки и Кевин Клементс ги добија близначките Ава Мари и Леа Рус во 2010 година, а раѓањето на овие девојчиња драстично им го промени животот…

Девојките беа неверојатно убави, а благодарение на тоа уште од најраното детство запловија во водите на манекенството. Така тие практично не ни оделе, а веќе се прогласени за „најубави близнаци на светот“.

Медиумите пишуваа за тоа како изгледаат нивните симетрични лица исто како од најгламурозното списание, како нивната коса е неверојатно руса и свиленкаста, кожата мазна, а нивната природна убавина неопислива.

Инаку, девојчињата се родени еден месец порано, но нивната мајка тврди дека така морало да биде.

Слични Вести
Menu